Возачот на Прамак Дукати е победник на спринт траката која се возеше во Ле Ман. Главната трка, во Мото ГП, Големата награда на Франција на програмата е во недела.
Мартин, трката ја започна од втората позиција, лидерското место го презеде во третиот круг кога успеа да го мине Бањаја. До крајот на спринтот, Мартин немаше никакви проблеми да го сочува првото место.
Втор заврши победникот на претходните две спринт трки, Бред Биндер. Јужноафриканецот со својот КТМ, стартуваше од 10. место. Во шестиот круг имаше спектакуларно претекнување. Во една кривина ги мина Марк Маркез и Бањаја.
И Биндер исто како и Мартин без проблеми потоа ја сочува пизицијата. Со второт место во спринтот, Биндер се искачи на второто место во генералниот пласман.
Лидерот во генерланиот пласман, Бањаја, на крајот заврши на третото место.Актуелниот светски првак, во текот на трката водеше голема борба со Маркез и Лука Марини.
Бодови во спринтот освоија и Лука Марини (ВР 46), Марк Маркез (Репзол Хонда), Жоан Зарко (Прамак Дукати), Марко Безеки (ВР 46), Алеиш Еспаргаро (Априлија), Маверик Вињалес (Априлија).