Top Sport

(Видео) Реал и со комбиниран тим пресилен за Хетафе

Реал и со комбиниран тим успеа да го победи Хетафе со 1:0 и да си направи добра увертира за реваншот против Манчестер сити. Реал со натпревар повеќе од Атлетико се врати на второто место во Примера, додека Хетафе е во опсната зона, на 18.место со 34 бода.

Карло Анчелоти ги одмори Карим Бензема и Давис Алаба, а Лука Модриќ и Винисисус одиграа 30 минути против Хетафе. Стартер кај Реал, прв пат од септември минатата година беше Еден Азар, а едно полувреме доби и левиот бек Ферлан Менди, кој поради повреда паузираше речиси три месеци.

Азар пред овој меч во Примера собра само 133 минути. Против Хетафе на теренот беше до 61.минута.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Марко Асенсио во 70.минута.

Scroll to Top