Валенсија стигна до супер-важна 1:2 победа на гостувањето кај Селта Виго, освојувајќи три поени кои можат да значат опстанок во шпанската Ла лига во тешка сезона за поранешните шпански шампиони.
Џастин Клајверт ги донесе гостите во водство по само осум минути игра, но Селта успеа да израмни преку Харис Сеферовиќ во 60. минута од мечот. Трите поени беа осигурени во 88. минута преку младиот Алберто Мари.
Со победата, Валенсија скока на 14. место на табелата со 37 поени, четири над местото кое води во „сегунда“, каде што се Хетафе по вчерашниот пораз од Реал Мадрид. До крајот на сезоната двата клуба имаат по четири меча.