Top Sport

Ништо од двојна титула, Ивановски поразен во три сета во финалето во сингл

По вчерашното освојување на титулата во двојки на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумијска Бања, најдобриот македонски тенисер не успеа да ја освои двојната титула на турнирот, губејќи во три сета од Французинот Клемен Табур.

Ивановски успеа да се врати од сет негатива против Французинот, но потоа потфрли во третиот сет за 6:4/3:6/6:2 од 411-рангираниот тенисер на светот.

Вчера, Ивановски заедно со Украинецот Олександер Овчаренко ја освои титулата во двојки. Ивановски пред турнирот беше на 459. место на АТП листата во сингл.

Scroll to Top