Top Sport

Чави: Започнува нова ера

Тренерот на Барселона Чави е горд на своите играчи по освојувањето на титулата во шпанската лига. Барселона по 27. пат ја освои титулата, а Чави истакна дека започнува „нова ера“.

„Оваа титула носи многу надеж за иднината. Чувствував радост, задоволство за добро завршената работа. Воодушевен сум од играчите, стручниот штаб, раководството… Навистина сум горд што ги тренирам овие играчи”, Чави. изјави по победата од 4:2 над Еспањол.

Тоа е прва титула за Барселона од 2019 година. Каталонскиот тим има осум титули помалку од Реал.

„Ова не е лига на Чави. Не ми е пријатно кога го слушам тоа. Ова е лига на Барса, Барса која расте и се развива. Ова е почеток на нова ера и мора да продолжиме да работиме во таа насока”, изјави Чави.

Тој како тренер ја презеде Барса на 6 ноември 2021 година, а како играч беше во клубот од четвртата година (1984) до 2015 година. Со клубот Чави меѓу другото освои осум трофеи во Ла Лига и четири Лига на шампиони.

Претходно, Хосеп Самитер, Јохан Кројф, Пеп Гвардиола и Луис Енрике освојували титули со Барса и како тренери и играчи.

Scroll to Top