Top Sport

Го бараа Атлетико и Барселона, тој реши да се пресели во Баер Леверкузен

Алекс Грималдо реши кариерата да ја продолжи во Бундес лигата. 27. годишниот Шпанец одби неколку понуди од татковината и реши како слободен играч да се пресели кај сонародникот, Чаби Алонсо, во Баер Леверкузен.

Грималдо (27), сезоната е најдобар асистент во екипата на Бенфика. Вкупно забележа 15 асистенции, 10 во првенството и пет во Лигата на шампионите.

Бидејќи по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, сериозен интерес за него покажаа Атлетико Мадрид и Барселона, но на општо изненадување тој ја прифати понудата од Леверкузен.

Баер Леверкузен, од октомри, кога тимот го презеде Чаби Алонсо, игра изворедно. Во октомври беа 16. во Бундес лигата, а на две кола до крајот се седми и се борат за пласман во финалето во Лига Европа.

Првиот полуфинален натпревар, одигран минатиот четврток, „фармацевтите“ го загубија во Рим од Рома со 1:0.

Грималдо победа со Бенфика го дели од шампионската титула во Португалија. На две кола до крајот на сезоната Бенфика има четири бода повеќе од Порто.

Алекс Грималдо како јуниор во 2016 година од Барселона се пресели во Бенфика.

Scroll to Top