Top Sport

Македонија пред 50.000 луѓе ќе го отвори европското во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство, кое на почетокот на наредната година ќе се игра во Германија.

Македонија е во група со домаќинот, Франција и Швајцарија.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го потврди распоредот и локациите на кои ќе се играат натпреварите на Европското првенство.

Македонија ја доби честа против Франција да го отвори континенталниот шампионат.

Отворањето на првенството ќе биде спектауларно, од причина што Македонија и Франција, на 10 јануари од 18 часот ќе играат на фудбалската арена во Диселдорф. На оваа арена еден меч ќе одигра и Германија, против селекцијата на Швајцарија.

Капацитетот на стадионот во Диселдорф е 50.000 гледачи.

Преостанатите две средби, против Германија и Швајцарија, македонската ракометна репрезентација ќе ги игра во германската престолнина Берлин.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top