Милан и Интер го делат „Сан Сиро“ и на стадионот имаат посебни сопствнеи соблекувални, но на вечерниот втор меч од полуфинлето на Лигата на шампионите, „росонерите“ ќе мора да го сменат своето место и да влезат во „неутралната“ гостинска соблекувална.
Според правилата на Лигата на шампиони на УЕФА, домашниот тим покрај тоа што има далеку поголема распределба на билетите, ќе ја користи сопствената соблекувална, додека „гостите“ мораат во неутралната соблекувална.
На „Сан Сиро“ има соблекувална со логото и боите на Милан, но вечерва ќе остане празна. Истото беше и на првиот меч со Интер – и тие мораа да ја користат „неутралната“ гостинска соблекувална.
Inside the Rossoneri's dressing room 📷🔴⚫#RednBlack #UCL #InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/2sueoroPsW
— AC Milan (@acmilan) May 16, 2023