Top Sport

Нова „жртва“ во НБА – Сиксерси го отпуштија Риверс

Филаделфија 76ерс го отпуштија тренерот Док Риверс по три сезони на клупата, откако трета сезона во низа беа елиминирани во полуфиналето на Истокот, губејќи со 112:88 во седмиот натпревар од Бостон селтикс.

Според „ЕСПН“, кандидати за нов тренер се Мајк Буденхолзер, Сем Кесел, Мајк Д’Антони, Ник Нурс и Монти Вилијамс. Риверс е еден од петте тренери во НБА историјата кој има победнички скор во 16 сезони едноподруго. Риверс имаше 154-82 скор во трите сезони со Сиксерс, вклучувајќи 54 победи во 2022/23.

„Док е еден од најуспешните тренери во историјата на НБА лигата, иден член на Куќата на славните и човек кој го респектирам. Благодарни сме за направеното во последните три сезони и за позитивните работи кои ги направи. Решивме дека е потребна промена за да се остварат нашите цели“, вели претседателот на кошаркарски операции во клубот, Дерил Мори.

Филаделфија се приклучуваат на Милвоки бакс, Финикс санс, Торонто репторс и Детроит пистонс со промена на тренери по крајот на регуларната сезона.

Scroll to Top