Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја доби МВП наградата за финалето на руската ВТБ-лига, откако во петтиот меч од финалето ги предводеше Уникс Казан до првата титула во историјата на клубот од Татарстан.
При 98:89 победата, Димитријевиќ уфрли 34 поени во неговиот најдобар меч во плејофот и сосема заслужено стана МВП.