Top Sport

Сити се жалат на истрагата за финансиските измами – адвокатот бил навивач на Арсенал

Манчестер сити ја тужат Премиерлигата околу случајот со прекршувањето на финансискиот ферплеј, бидејќи адвокатот кој го води случајот е навивач на Арсенал, тврди „Тајмс“.

Сити имаат 115 обвинувања од Премиерлигата за прекршување на финансиските правила, но се незадоволни што Мареј Росен, шефот на независната комисија на Премиерлигата на својот веб-сајт потврдува дека е член на „Мерлибон крикет клубот и Арсенал“.

Потенцијалната казна која ќе ја добие Сити за прекршување на финансиските правила може да фрли сенка на фантастичната сезона на тимот на Пеп Гвардиола, кои се на чекор до титулата во Премиерлигата и во финалињата на Лигата на шампиони и на ФА купот.

Scroll to Top