Германецот Нико Денц (Бора Хансгрое) е победник на ридестата 12. етапа на Џиро Д’Италија, додека Велшанецот Герант Томас сигурно ја задржа лидерската розева маичка пред стартот на алпските етапи на тринеделната трка.
Денц, заедно со група на велосипедисти кои се одвоија, етапата од Бра до Ривои ја помина со предност од 8 минути од главната група, за да го победи Павл Сиваков (Инеос).
„Цела година се подготвував за оваа етапа, и веќе ја знаев наизуст. Знаев дека ќе бидам силен во финишот“, вели Денц, кој стигнува до својата прва победа во шести настап на Џирото.
Томас останува на 2 секунди пред Словенецот Примож Роглич во генерален пласман, додека трет е Жоао Алмеисе со 22 секунди послабо време. Утре Џирото влегува во Швајцарија за планинска етапа, по што последната клучна недела ќе се одлучува токму на Алпите.
After a long breakaway, today's last kilometre is a no-holds-barred three-man fight 💨 🔻
Dopo una lunga fuga l’ultimo km di oggi è una lotta a tre senza esclusione di colpi 💨🔻@Expo2030Roma #Giro #GirodItalia pic.twitter.com/s4oa3TNPQ0
— Giro d'Italia (@giroditalia) May 18, 2023