Менаџерот на Арсенал, Микел Артета донел „засилување“ за подобрување на атмосфераата во клубот, лабрадор со име Вин, кој е постојано во тренинг-центарот на клубот во Лондон Колни и кој треба да помогне да се намали стресот на фудбалерите, објавува „Тајмс“.
Артета се решил на ваков потег откако дознал дека дружба со кучиња може да ги смири нервите, да го подобри расположението и да го намали стресот за неговите фудбалери.
Ова не е првпат оваа сезона шпанскиот тренер да има невообичаени начини на мотивација – пред гостувањето на „Енфилд“ им ја пушташе „You’ll Never Walk Alone“, ги облепуваше гостинските соблекувални со логоата на Арсенал, а исто така им донесе и светилка во соблекувалната да покаже дека без поврзаност нема сила.
🗣 "Research has shown petting a dog can be calming, improve a mood & reduce stress levels. He also thinks she can enhance the spirit of togetherness. Arteta walked her into the room to witness Aaron Ramsdale signing a new long-term contract this week." [Times]#AFC #Arsenal pic.twitter.com/uLKnuU6mKN
— AFTV (@AFTVMedia) May 19, 2023