Фернандо Торес, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, а сега тренер на младинскиот тим на Атлетико Мадрид се извини за инцидентот кој се случи во мадридското дерби против Реал Мадрид и нивниот тренер, Алваро Арбелоа.
„Ги видов снимките и не ми се допаѓа тоа што го видов. Не се препознавам во такви ситуации и тоа не е моето нормално однесување. Признавам дека згрешив. Немаше потреба за постојаните провокации и требаше да ги оставам на страна, посебно бидејќи го оставив мојот тим без тренер во продолжението. Не сакам да им пренесам таква порака на моите играчи, но секогаш ќе ги бранам против сите ситуации кои не се фер и ќе ги сносам последиците. Јас сум млад тренер и ова ќе ми помогне да научам за иднина“, вели Торес.
HUGE SCENES! 🤯
Arbeloa's Real Madrid vs Fernando Torres' Atléti side in a youth match! 🇪🇸
Torres sent off for saying “I’ll blow your head off” to Arbeloa during the match. 😳🟥
— Barstool Football (@StoolFootball) May 15, 2023
🗣️ "No me gusta lo que veo… no me reconozco": ha asegurado Fernando Torres respecto al incidente con Arbeloa pic.twitter.com/HoQ5J9qe0L
— MARCA (@marca) May 19, 2023
(Видео) Тензии на младинското „Мадрилењо“ – Торес во клинч со Арбелоа