Фудбалерите на Македонија ЃП ја одбраниja титулата во Купот на Македонија. Во финалето „лавовите“ славеа против актуелниот шампион Струга ТЛ по изведувањето на пенали. Натпреварот по 120 минути игра заврши 1:1, а пенал-рулетот и припадна на Македонија ЃП со 2:0.
Македонија ЃП во првото полувреме, се определи за дефанзивна варијанта. Примарната цел им беше да се затворат приодите кон сопствениот гол, а противникот го напаѓаа со брза транзиција.
Актуелните шампиони, фудбалерите на Струга ТЛ, не профитираа од тоа што го имаа поседот на топката. Имаа неколку полу-шанси Мерџани, Шабани и Мухарем.
Македонија ЃП од една од ретките добри акции во првиот дел успеа да избори пенал. Топката во раката го погоди Кочоски, а судијата Стојчевски и покрај жестоките протести на стружани досуди пенал.
Сигурен реализатор на најстрогата казна беша Мишевски во 28.минута.
По слично сценарио си играше и во второто полувреме. Струга ТЛ ја имаше топката, но не успеваше да дојде до голот на Македонија ЃП. Од друга страна во периодот од 55. до 61.минута „лавовите“ имаа можност да постигнат гол преку Фазли и Стојкоски.
Иницијативата стружани ја материјализираа во 78.минута Незири нафрли од десната страна, Стефковски го одбрани ударот на Радиќ, но на одбиената топка налета Јусуфи и ја смести во голот.
До крајот немаше возбудувања, па натпреварот влезе во дополнителните 30 минути.
На стратот од првото продолжение, Радески се обиде од 20.метри, топката одеше во Стефковски кој лесно интервенираше. Девет минути подоцна се обиде стрелецот на израмнувачкиот гол, Јусуфи, но неговиот удар ззаврши над голот.
Македонија ЃП, првата закана во продолжението ја имаше во 103.минута Самаке, неговиот удар одеше по средните на голот. Ќосески лесно одбрани. Во наредниот напад Шабани од добра позиција упати непрецизен удар.
Илиески имаше добра шанса за Македонија ЃП во 106.минута, но неговиот удар беше блокиран и заврши во корнер. Ова беше единственото нешто што се случи на теренот до крајот на продолжението.
Струга ТЛ: Таири (над голот), Радески (греда), Незири (греда), Шабани (Стефковски брани )
Македонија ЃП: Мишевски (Ќосевски брани), Личина ((0:1), Алексовски (брани Ќосевски), Скендери (0:2).