Top Sport

(ВИДЕО) Скандалозни сцени во Словенија: Тренерот на Радомље му удри шлаканица на Ибричиќ

Радомље синоќа го победи Домжале со 1:0 во натпреварот од 36. коло на словенечката Прва лига, но натпреварот остана во сенка на инцидентот кој се случи на крајот од натпреварот. Тренерот на домашната екипа Оливер Богатинов му удри шлаканица на спортскиот директор на Домжалe, Сенијад Ибричиќ, кој своевремено беше и фудбалер на Вардар.

До судирот дојде откако Филип Чуиќ во 88. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Се случи конфликт меѓу двете клупи, а потоа и физичка пресметка меѓу членовите на двата клуба. Богатинов ги загуби нервите во расправија со Ибричиќ и му удри шлаканица.

Реакцијата на поранешниот играч на Вардар донекаде беше изненадувачка, тој не ни трепна, всушност само благо се насмевна и ја продолжи дискусијата. Главниот судија сепак брзо интервенираше и ги смири страстите.

 

Scroll to Top