Top Sport

Лина Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до пехарот на ИТФ фјучерс турнирот во Куршумлиска Бања, Србија. Таа загуби во финалето од руската тенисерка Јулија Андреева со 2:0 во сетови.

Ѓорческа не можеше да пронајде ритам во првиот сет и го загуби убедливо, со 6:1 во гемови, а во вториот даде посилен отпор, но на крајот Андреева го доби со 6:4.

Лина Ѓорческа сепак имаше добар настап на турнирот вреден 25.000 долари и се очекува да забележи напредок на најновиот ВТА ранкинг.

 

Scroll to Top