Манчестер Сити со вчерашниот пораз на Арсенал ја освои новата шампионска титула во Премиерлигата, а денеска на „Етихад“ ја завери со триумфот од 1:0 против Челси. Хулијан Алварез беше стрелец на победничкиот гол за „граѓаните“ во 12.минута.
Пеп Гвардиола малку го „измеша“ составот на Сити, но и тој беше доволно квалитетен за да слави против Челси.
По ова, следи и церемонијата на доделување на шампионскиот пехар на Манчестер Сити за освоената титула во англиската елита.