Top Sport

(ВИДЕО) Мбапе го донесе ПСЖ на милиметар до титулата во Франција

Пари Сен Жермен го победи Оксер на гости со 1:2 и има шест бода предност пред Ленс на две кола до крајот на шампионатот. Со овој триумф „светците“ практично веќе се шампиони, со оглед дека имаат и многу подобра гол-разлика, но ќе треба тоа да го заверат и во наредното коло.

Килијан Мбапе беше двоен стрелец за ПСЖ. Тој погоди двапати, во шестата и во осмата минута, и брзо ги реши дилемите околу победникот.

Оксер намали на почетокот на вториот дел со голот на Синајоко, но немаше сили за израмнување.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');