Top Sport

(ВИДЕО) Имобиле донесе триумф за Лацио во Удине

Лацио стигна до 20. победа во Серија А оваа сезона откако го совлада Удинезе на гости со 0:1. Со тоа „лацијалите“ се зацврстија на третата позиција со 68 бода.

Чиро Имобиле во 61.минута од пенал го постигна единствениот гол на натпреварот.

Во тимот на Удинезе во последните дваесетина минути настапи и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Scroll to Top