Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше вонреден состанок со својата ѕвезда Винисиус Жуниор по скандалозните расистички испади на навивачите на Валенсија овој викенд и шпекулациите дека Бразилецот сака да замине од клубот поради овие случувања.
Реал претходно објави дека поднеле тужба против лигата за расизмот, а сега остро ја нападнаа Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) и нивниот претседател, Луис Рубијалес.
„Реал Мадрид сака да му се заблагодари на нашиот фудбалер Винисиус Жуниор за многубројната поддршка, љубов и солидарност која ја доби од целиот свет. Расистичките напади мораат да бидат искоренети од нашето општество и тоа го посочуваат сите коментари на луѓето од различни национални и интернационални институции за тоа што се случуваше на ‘Месталја’. Нашиот клуб се заблагодарува на ФИФА и претседтелот Џани Инфантино, кој посочи дека мечевите на кои има вакви случки мора да бидат прекинати. Благодарност и до претседателот на Бразил, Лула да Силва, кој бара сериозни мерки за да с решаат проблемите. Фудбалерите му дадоа поддршка на Винисиус, како Роналдо Назарио, Килијан Мбапе, Рио Фердинанд, Нејмар, Кака, Џејдон Санчо, Гери Линекер, Роберто Карлос и Касемиро… На крајот, изненадени сме од изјавите на претседателот на шпанската федерација, Луис Рубијалес, бидејќи како шеф на шпанскиот фудбал, дозволи да не се преземат остри мерки според протоколите на ФИФА. Имиџот на нашиот фудбал е сериозно оштетен во очите на светската јавност. Неговата пасивност доведе до ова. Судиите, наместо да реагираат цврсто, одбиваат да донесат тешки одлуки. Видете како вчера токму Винисиус доби црвен картон“, се вели во објавата на Реал.
Nuevo Comunicado Oficial.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 22, 2023
El presidente del Real Madrid se ha reunido con @ViniJr para mostrarle su apoyo y su cariño, para informarle de todos los pasos que se están realizando en su defensa y para confirmarle que el club llegará hasta las últimas consecuencias ante una situación tan repugnante de odio. pic.twitter.com/vu18Lf0nif
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 22, 2023