Top Sport

Сака останува во Арсенал барем до 2027

Арсенал потврдија дека потпишале нов долгогодишен договор со Букајо Сака, задржувајќи го фудбалерот од нивната академија по фантастичната 2022/23 барем до 2027 година.

Англискиот репрезентативец преговараше за продолжување на договорот со „топчиите“ неколку месеци, но од Арсенал постојано велеа дека се работи за рутинска работа. 21-годишниот Сака е третиот млад фудбалер на Микел Артета кој го продолжи договорот по Габриел Мартинели и голманот Арон Ремсдејл.

„Пресреќен сум. Имаше многу зборување, но постојано знаев дека ова е вистинскиот клуб, вистинското место за мене. Прекрасно е, видете каде сме. За мене, тука се личните амбиции, но и доброто на клубот“, вели Сака.

Сака има 13 гола и 11 асистенции во Премиерлигата оваа сезона и стана еден од лидерите на тимот и покрај неговите години.

Scroll to Top