Top Sport

Барселона ќе направи профит од 230 милиони евра, ако успее да го врати Меси

Шпанскиот гигант Барселона ќе добие огромни финансиски приходи доколку успее на лето во својот состав да ја врати легендата на клубот Лионел Меси, пишува каталонскиот „Спорт“. Договорот на Аргентинецот со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната, а раководството на Барселона не ја крие желбата повторно да го привлече.

Позитивните страни од враќањето на Меси во Барселона не би биле само спортско-технички и сентиментални, туку и економски.

Според пресметките на Каталонците, од доаѓањето на Лео ќе заработат околу 230 милиони евра – приближно 150 милиони евра од зголемувањето на спонзорските договори и околу 80 милиони евра повеќе приходи од натпреварите на тимот.

Scroll to Top