Возачот на Ферари, Шарл Леклер покажа дека му е подобро да се држи до својата кариера, откако прво падна со лице на трева, а потоа утна одлична шанса на традиционалниот добротворен фудбалски меч пред Монако ГП трката.
Леклер беше капитен во тимот на Ф1 возачи во кои беа Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, како и претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, одека од другата страна во тимот на „ѕвездите“ играа славни лица, како тениската легенда Новак Ѓоковиќ. Ова 30. пат посебниот добротворен меч да се игра за „Детската спортска асоцијација“ (ЦСА).
Сепак, Леклер не се покажа пред домашната публика на „Стад Луј Втори“ во Монако, откако прво заврши со лицето во тревата. Малку подоцна, неговиот колега Карлос Саинс Јуниор му создаде одлична шанса, но еклер повторно се посрамоти.
La connexion entre les 2 coéquipiers Ferrari meilleure sur le gazon que sur la piste ? 👀#F1 pic.twitter.com/vfW536hSAl
— Off Track (@OffTrack_FR) May 23, 2023