Top Sport

(Видео) Шкотланѓанецот се потсмева со Влаховиќ: Oх, 80 милиони!

Фудбалерот од средниот ред на Емполи, Шкотланѓанецот Лајам Хендерсон стана хит на социјалните мрежи по неговиот „контакт“ со ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ на вчерашниот засрамувачки 4:1 пораз на Јуве. Поразот дојде откако беше потврдена казната од 10 поени од страна на Италијанската федерација.

Во видеото, 27-годишниот Хендерсон му вика на Србинот во лице: „Ох, 80 милиони“, јасно алудирајќи на сумата која Јувентус ја плати за Влаховиќ за трансфер од Фиорентина во јануари 2022. Влаховиќ има само 14 гола во 42 меча со Јуве оваа сезона.

Scroll to Top