Црвена звезда е прв финалист на регионалната АБА-лига, победувајќи го убедливо тимот на Будуќност на гости со 56:97 (26:25, 8:23, 11:29, 10:20), за 2:0 победа во полуфиналната серија.
Сега, Звезда ќе го чека противникот од втората полуфинална серија помеѓу Партизан и Цедевита Олимпија, која уште не е почната.
Домашниот тим пружи отпор само во првата четвртина, која ја добија со 26:25, по што Звезда ја презеде контролата на мечот во втората четвртина за да направат дури 40 поени предност во второто полувреме.
Лука Митровиќ беше најефикасен за гостите со 17 поени, Филип Петрушев имаше 14 поени, додека за Будуќност, Игор Дробњак беше најдобар со 11 поени.