Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека уште го има квалитетот потребен за игра на највисоко ниво, постигнувајќи гол за комплетирање на 3:2 камбек победата на неговите Ал-Наср над Ал-Шабаб во претпоследното коло на Саудиската лига.
И покрај ова, освојувањето на титулата останува само теорија, откако лидерот Ал-Итихад со 1:0 ги совлада Ал-Батин. Во последното коло, Ал-Наср треба да го победи на гости Ал-Етифак, а во исто време да се надева дека Ал-Феиха на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ќе направи изнендување и ќе ги победи Ал-Итихад.
Работите тргнаа лошо за Ал-Наср – гостите дојдоа во водство во 20. минута со гол од пенал на Аргентинецот Кристијан Гуанка, за истиот играч во 40. минута да зголеми на 0:2. Талиска намали на 1:2 во 44. минута, а во 51. минута Абдулрахман Гариб да израмни на 2:2. Роналдо, го покажа својот стил три минути подоцна, кога со прекрасен потег од далечина донесе 3:2 победа.
Cristiano Ronaldo with another sumptuous goal for Al Nassr.
The GOAT is still good enough to play in Europe 🔥 pic.twitter.com/KMuG0vI9bb
— Henry Anthony (@HenryNanthony) May 23, 2023