Интер е освојувач на трофејот во Купот на Италија, откако во финалето на „Олимпико“ ја победи Фиорентина со 2:1. Двоен стрелец за „нероаѕурите“ беше Лаутаро Мартинез.
Фиорентина поведе во третата минута со голот на Нико Гонзалес. Тој го искористи невниманието во одбраната на Интер и го совлада Самир Хандановиќ.
Сепак, Интер возврати уште во првото полувреме. Лаутаро Мартинез во 29.минута успеа да го израмни резултатот, а осум минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на „виолетовите“.
За Интер ова е деветти куп-трофеј, а тренерот Симоне Инзаги и понатаму продолжува да биде мајстор за освојување на пехарот во ова натпреварување.