Легендарниот Андрес Иниеста летово би можел и официјално да ја заврши својата фудбалска кариера судејќи по информациите кои доаѓаат од Јапонија каде моментално настапува Иниеста.
Искусниот 39. годишен шпански фудбалер својот последен натпревар за Кобе ќе го одигра на 1 јули, тоа го потврди и на прес-конференцијата одржана утринава по средноевропско време.
Натпреварот против Сапоро веројатно ќе биде последен во кариерата на Иниеста.
Шпанецот има договор со Кобе до јануари 2024 година, но како што сега стојат работите тој порано ќе замине во пензија.
Андрес Иниеста кариерата ја започна во Барселона, во 2018 година пристигна во Кобе. Тој е клупска легенда на Барселона, член на еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот.
Иниеста забележа 131 настап за шпанската репрезентација и постигна 14 голови. Со неговиот гол во 116.минута, Шпанија во 2010 година ја освои светската титула.
Во тековната сезона за Коби одигра пет натпревари во сите натпреварувања и на теренот помина вкупно 85 минути.