Интер во финалето на Купот на Италија во Рим ја победи Фиорентина со 2:1 и со тоа ја освои деветтата титула во тоа натпреварување. Фиорентина поведе во третата минута по една убава акција која ја заврши Нико Гонзалес со гол од речиси мртов агол. Сепак, до полувремето Интер направи пресврт со головите на Лаутаро Мартинез.
Натпреварот го одбележа и судирот меѓу напаѓачот на Интер, Един Џеко и тренерот Симоне Инзаги. Џеко му се налути на тренерот што го замени во 58. минута, кога Инзаги го испрати Ромелу Лукаку на теренот.
Џеко одби да се поздрави со тренерот, а после тоа имаа жестока расправија на клупата за резерви.
Италијанските медиуми најавуваат дека Џеко поради своето однесување би можел да го гледа финалето од Лигата на шампионите против Сити од клупата, а Лукаку да влезе во првиот тим.
Џеко, 37. годишниот напаѓач од Босна и Херцеговина, оваа сезона постигна 14 гола. Тој има договор со Интер до крајот на јуни.