Во недела ќе се одиграат бараж натпреварите за поплнување на Втората македонската фудаблска лига, за сезоната 2023/2024.
Денешната ждрепка ги спои Тетекс и Осогово, Башкими и Влазрими, односно Вардар Неготино и Новаци.
Сите натпревари ќе се одиграат в недела во 17:00 часот на три различни терени низ Македонија.
Тетекс и Осогово ќе играат на стадионот во „Борис Трајковски“ во Маџари, Башкими и Вларзрими на стадионот во Тетово, а Вардар Неготино и Новаци на стадионот во Кичево.