Top Sport

Ако не избори место во ЛШ Јуве ќе остане без многу пари

На Јувентус му беа одземени десет бода во Серија А поради финансиска измама. Откако му ги одзедоа бодовите, Јувентус од второто падна на седмото место на табелата и сега има само теоретски шанси да избори пласман во Лигата на шампионите. На две кола до крајот Јувентус има пет бода помалку од четвртопласираниот Милан.

На Јувентус му треба чудо за да игра во елитното европско натпреварување, односно мора да победи во последните две кола и во исто време конкурентите Милан, Аталанта и Рома да киксираат.

Доколку Јувентус не го победи Милан во 37. коло, математички ќе остане без Лигата на шампионите.

Јувентус изминатите 11 сезони беше редовен учесник во Лигата на шампионите. „Газета дело спорт“, пишува дека Јувнетус ќе остане без 90 милиони евра доколку наредната сезона не биде дел од елитното натпреварување.

Scroll to Top