Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години загуби од Србија со 3:0 на пријателскиот натпревар во Стара Пазова. Селекцијата на селекторот Тони Јакимовски не можеше да се носи со селекцијата на Србија, која сите голови ги постигна во првиот дел.
Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погоди за предност од 2:0. Во 39. минута, Бубањ го постигна својот втор гол и ги постави конечните 3:0.
Македонија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски;
Селектор: Тони Јакимовски;