Top Sport

Зидан одби понуда од Ал-Наср вредна 150 милиони евра

Француската легенда Зинедин Зидан одби неверојатна понуда од саудискиот клуб Ал-Наср да стане тренер на овој тим и повторно да соработува со Кристијано Роналдо. Раководството на Ал-Наср му понуди фантастични 150 милиони евра, но Французинот се заблагодари и истакна дека во моментот не е заинтересиран за таква соработка.

Зидан најави дека сака да се врати на тренерската професија откако му пропадна првата цел, да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Франција.

Тој во два наврати на клупата на Реал Мадрид освои две титули во ла Лига, а трипати го освои и трофејот во Лигата на шампионите. Зидан е без клуб од 2021 година, а се поврзуваше со Реал Мадрид, ПСЖ и со Јувентус.

Scroll to Top