Реџана ќе го именува Алесандро Неста како нов тренер за 2023/24, откако во петокот потврдија дека се разделуваат со Аимо Дијанаи покрај тоа што тренерот ги врати во Серрија Б со титулата во Серија Ц Група Б, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Ла газета дело спорт“, ова ќе биде потврдено наскоро за Неста по четврти пат да стане тренер по крајот на кариерата во 2014. Тој прво беше тренер на Мајами ФЦ во американскиот УСЛ шампионат, пред да се врати во Италија со Перуџа во 2017/18. Последен пат тој работеше со Фрозиноне во Серија Б од 2019 до 2021, за да добие отказ на два месеци пред крајот на сезоната.
Неста е последен член од италијанскиот шампионски тим од 2006, кој ќе работи во Серија Б – откао Фабио Гросо ги однесе Фрозиноне до Серија А, а Масимо Одо го замени Даниеле Роси во СПАЛ во февруари.
Alessandro Nesta riparte in B dalla panchina della Reggiana https://t.co/XzVYxZdoGF
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 26, 2023