Јужната трибина на стадионот на Валенсија ќе биде затворена на три натпревари, а казната за тимот е намалена на 27.000 евра по расистичките навреди упатени кон напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор од навивачите на тој клуб.
Комисијата за жалби на Шпанската фудбалска федерација соопшти дека одлучила делумно да ја прифати жалбата на Валенсија. Тоа значи дека затворањето на еден сектор на стадионот „Местаља“ е намалено од пет на три натпревари, а првичната казна од 45 на 27 илјади евра.
Винисиус се закани дека ќе излезе од теренот пред почетокот на второто полувреме на натпреварот на Реал Мадрид во Ла Лига против Валенсија во неделата, откако беше подложен на наводни „мајмунски скандирања“ од навивачите. Реал Мадрид соопшти дека тоа е „злосторство од омраза“, па тужба до шпанскиот јавен обвинител.
Играчите и официјалните лица на шпанското фудбалско првенство повикаа на борба против расизмот по неделниот натпревар.
Ла Лига соопшти дека ќе бара поголеми овластувања за казнување на клубовите чии навивачи се виновни за расистичка злоупотреба, откако се чувствуваат „немоќни“ поради недостатокот на итни санкции по последниот инцидент со Винисиус Жуниор. Според шпанскиот закон, Ла Лига моментално може да идентификува и пријави само инциденти, но паричните казни ретко се спроведуваат.
Во меѓувреме, четворицата мажи уапсени во Шпанија на почетокот на оваа недела под сомнение за злосторство од омраза против Винисиус се ослободени со кауција, соопшти судот во Мадрид.
Мажите, против кои исто така се води истрага за прекршување на приватноста на Винисиус, им е забрането да се приближуваат и да комуницираат со напаѓачот на Реал Мадрид во очекување на понатамошна истрага, се вели во соопштението на судот.
Истрагата беше покрената откако црна кукла на надувување, облечена во дресот на Винисиус со број 20, беше обесена на мостот пред тренингот центарот на Реал Мадрид пред натпреварот против Атлетико Мадрид во јануари.
До него стоеше голем црвено-бел транспарент – со боите на Атлетико и порака – „Мадрид го мрази Реал“!