ПСЖ и дефинитивно ја одбранија титулата во Франција, покрај нив место во Лигата на шампионите обезбеди хитот на сезоната Ленс, додека Марсеј ќе игра квалификации з место во елитата.
ПСЖ по 11. пат го освои францускиот шампионат, на овој начин „светците“ станаа најтрофејниот тим во земјата на триколорите. Зад себе „светците“ ги оставија Сент Етјен (десет титули), Марсеј (девет), Монако и Нант (по осум), Лион (седум), Бордо и Ремс (по шест).
Парижаните одиграа нерешено во Стразбур (1:1), но и тоа беше доволно за да стекнат недостижни четири бода предност пред Ленс во пресрет на последното коло. Меси им донесе предност на гостите во 59. минута на асистенција на Мбапе, израмни Гамеиро во 79.
Ленс сигурно ќе биде втор, се пласираа и во групната фаза од Лигата на шампионите. Како домаќин, Ленс славеше убедлив триумф против Ажаксио (3:0), со головите на Мачадо во 16. минута, Томасон во 22. минута и Опенда од пенал во 35. минута.
Марсеј беше поразен од Брест на Велодром (2:1).. Манјети ги доведе гостите во водство во 57. минута, израмни Ембемба во 75, но Камара го постави конечниот резултат во 81. минута.
Се води жестока битка за четврто место и директен пласман во групната фаза од Лига Европа. Таа позиција моментално ја зазема Лил, кој со мака победи против давеникот Нант (2:1).
Нант останаа во опсната зона, но се уште имаат надеж дека можат да се спасат. Имаат два бода помалку од Оксер кој ремизираше со Тулуз (1:1). Од лигата веќе испаднаа Троа, Анжер и Ажаксио.