Top Sport

Со „последниот“ европски гол, Меси сруши уште еден рекорд на Роналдо

Во „вечната“ борба за рекорди на двајцата најдобри фудбалери во историјата, Лионел Меси дојде во уште една предност пред Кристијано Роналдо, постигнувајќи го својот 496. гол во топ 5 лигите во Европа во вчерашното реми над Стразбур, со кое Пари Сен-Жермен ја обезбеди 11. титула во Франција.

Ова беше само еден момент во уште една рекордна вечер на Аргентинецот, кој сега има 43 трофеи во кариерата со што е израмнет со својот поранешен соиграч од Барселона, Дани Алвеш, а голот беше негов 16. оваа сезона и можеби ќе биде негов последен во дресот на Пари Сен-Жермен, бидејќи се очекува да замине од француската престолнина на крајот на сезоната и најверојатно нема да биде стартер во последното коло на француската Лига 1.

Scroll to Top