Фернандо Алонсо самиот е виновен за ситуацијата во која се наоѓа, смета актуелниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг.
Шпанецот Алонсо не успеа да освои трета титула во кариерата во петте години со тимот на Ферари, по што следуваа и нови три години со Мекларен-Хонда одбележани со фрустрации поради слабиот болид. Алонсо уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата, иако се верува дека ќе остане со Мекларен откако британскиот тим реши од следната година да вози со мотори на Рено.
„Алонсо нема лоша среќа. Не бираш погрешен тим поради среќата, бидејќи и тоа е дел од големината на возачите. Можете да бидете најдобирот на светот, но нема да победите со лош болид. Мислам дека ќе остане во Мекларен бидејќи нема многу опции. Ле Ман? Инди 500? Сè тоа е во ред, меѓутоа не е Формула 1“, изјави Розберг, кој лани се повлече од Ф1