Top Sport

Гигс може да биде следниот велшки селектор

Крис Колмен ќе преговара со Велшкиот фудбалски сојуз за неговата иднина, откако нивниот сон за пласман на Светското првенство во Русија се урна со пораз на домашен терен од Република Ирска.

Џејмс Мекклин постигна гол во 57. минута, за Ирците да си заминат со 1:0 победа во Кардиф и да го обезбедат местото во баражот следниот месец. Велс претходно беа во игра за директен пласман во Русија, што би било круна на оваа генерација, откако минатата година стигнаа до полуфиналето на Европското првенство.

„Постоеше шанса за пласман и не ја искористивме. Сега не можам да ви давам одговори. Не се работи само да потпишеме нов договор, туку да видиме во кој правец се движи репрезентацијата“, изјави Колмен, кој е велшки селектор од јануари 2012 година.

Англиските обложувалници го промовираа поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс како прв фаворит за работата пред менаџерот на Портсмут, Кени Џекет и шефот на Стоук, Марк Хјуз.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top