Top Sport

Мбапе: Ќе бидам во ПСЖ и следната сезона

Килијан Мбапе и следната сезона ќе биде играч на ПСЖ.

„Светците“ ја обезбедија рекордната 11. шампионска титула во претпоследното коло, а она што клубот од Париз го очекува меѓу две сезони е реновирање на тимот.

На Лионел Меси му истекува договорот и најверојатно ќе замине, а истото може да го направи и Нејмар.

„Многу сум среќен во ПСЖ и мило ми е што решив да бидам дел од тој проект. Тука ќе играм следната сезона“, изјави Мбапе.

24. годишниот француски интернационалец не ја активираше опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2024/25. што ќе му овозможи да биде слободен играч во летото 2024 година.

Мбапе, оваа сезона постигна 38 гола со девет асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');