Втората фудбалска лига на Македонија за следната натпреварувачка сезона е комплетирана по денешниот ждреб што се изврши во ФФМ. Осогово и Новаци се клубовите кои имаа среќа во ждребот, па иако беа поразени во баражите, сепак, ќе играат во второлигашка конкуренција.
Претходно, со баражите, пласман во второлигашка конкуренција обезбедија и Тетекс, Вардар Неготино и Башкими.
Од претходно беше познато дека учесници во Втората лига се и Победа, Скопје, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, ГФК Охрид, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман и Саса.