Тренерот на Рома, Жозе Мурињо инсистира дека има „нула контакти“ со други клубови по шпекулациите за неговата иднина пред утрешното финале од Лига Европа против Севилја, велејќи дека е концентриран на „историскиот“ меч, кој за неговите ривали е секојдневие.
Мурињо лани им го донесе првиот европски трофеј на Рома со победата над Феенорд во Конференциската Лига Европа, а сега утре на „Пушкаш“ арената во Будимпешта ќе се обиде да го повтори успехот.
„Ова за нас беш долг пат, различен од тој на нашиот противник, кој дојде преку Лигата на шампиони. Одигравме 14 меча да бидеме тука и заслужуваме да бидеме во финалето. Историјата не игра на теренот, иако нашиот противник мисли така поради нивните титули во ова натпеварување. За нив тоа е речиси нормално, за нас е нешто историско“, вели Мурињо.
На прашањата за својата иднина, тој беше повнимателен.
„Сите ми ги поставуваат тие прашања и ги одговарам објективно. Сега е различно од времето кога бев во Интер, кога иако немав договор со Реал Мадрид, другите работи беа средени. Сега немам ништо, нула контакт со другите клубови. Мислам само на финалето и на фудбалот. Секако, уште го сакам Реал Мадрид, претседателот и нивниот тренер. Но, тренерот не игра, туку работи кога нема фудбал. Затоа мојата работа е ззавршена, утре момците играаат. Колегите во Мадрид ми велат дека Свилја е голем тим. Нивниот и нашиот буџет не е ист. Ние во нашиот тим имаме играчи кои лани играа во Б-тимот“, објаснува Мурињо.