Top Sport

Квинси Промес обвинет за шверцување на 1.370 килограми кокаин

Напаѓачот на Спартак Москва и поранешен холандски репрезентативец, Квинси Промес е обвинет за шверцување на 1.370 килограми кокаин кои на двапати ги внесол во Антверпен, и неговото судење ќе почне на 5 јуни, јавуваат холандските медиуми

31-годишниот Промес првично беше обвинет за физзички напад, откако го избоде својот братучед на семејна прослава, по што истрагата се прошири и за кокаинот.

Холандското јавно обвинителство, без да го именува Промес, побара затворска казна од две години за овој инцидент.

Промес пред вториот трансфер во Спартак Москва, претходно играше за Твенте, Севилја и Ајакс и има 50 настапи за холандската репрезентација.

Scroll to Top