Top Sport

Ајакс се раздели и со тренерот Хеитинга

Холандскиот гигант Ајакс, кој не успеа да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона, се раздели и со својот тренер Џон Хеитинга. Одлуката на раководството доаѓа само неколку дена откако клубот го напушти и извршниот директор Едвин ван дер Сар.

Гигантот од Амстердам заврши на третото место во холандскиот шампионат, што беше доволно само за пласман во Лига Европа. Сепак, тоа е еднакво на неуспех според стандардите на клубот.

Хеитинга ја извршуваше функцијата главен тренер на првиот тим од јануари, кога Алфред Шредер беше отпуштен.

Директорот за фудбал на Ајакс, Свен Мислинтат, му се заблагодари на Хеитинга, истакнувајќи дека тимот бил петти на табелата кога тој пристигнал.

„Дојдовме до заклучок дека на Ајакс му треба поискусен тренер“, објасни Мислинтат.

 

Scroll to Top