Милан и Рома со возбудливо дерби го отворија третото коло во Серија А на „Сан Сиро“, за „росонерите“ да стигнат до својата прва победа во новата сезона од 2:1 благодарение на одличната асистенција на Гонзало Игуаин до Патрик Кутроне во 95. минута од мечот.
Иницијативата во првото полувреме на „росонерите“ се исплатеше, откако Кеси во 40. минута се најде на вистинското место по додавањето на Родригез во шестнасетникот. Рома израмни во 59. минута, кога Фацио беше најснаодлив по хаосот пред голот на Милан.
Милан набргу постигна гол преку Гонзало Игуаин, но тој беше поништен по разгледувањето преку ВАР системот поради мал офсајд. Кога се мислеше дека тимовите ќе си заминат со по еден поен, Милан стигна до првата победа оваа сезона, благодарение на одличната асистенција на Игуаин до Патрик Кутроне, кој немаше проблеми да го совлада Робин Олсен.
What a fantastic pass from HWitty Jack. Higuain finally getting the flag to stay down and he dispatches easily. Possible VAR check for the offside though. pic.twitter.com/F5eingICRM
— Para (@Paracelsus) August 31, 2018