ПСЖ, утре ќе ја затвори сезоната во Лига 1. На домашен терен ПСЖ ќе игра против Клермон.
ПСЖ, во минатата рунда ја одбрани шампионската титула. Клубот, во петокот, објави дека по мечот со Клермон нема да има никаква прослава.
„Нема да има прослава. Ова е тешка недела за сите и сите сме потресени. Целата позитивна енергија ја испраќаме до Серхио Рико, неговата мајка, сопруга и најблиските”, рече тренерот Кристоф Галтие.
Состојбата на голманот е непроменета. Тој се уште е на интензивна нега во болницата во Севилја, денеска е шести ден откако се здоби со сериозни повреди на главата откако падна од коњ.
Несреќата се случи во неделата, ден по натпреварот со Стразбур каде Серхио Рико беше резервниот голман на ПСЖ. Тој ден имал слободен ден и го искористил за да го посети семејството во Севилја, каде што се случи инцидентот.