Рафаел Леао стави крај на сите шпекулации за трансфер, потпишувајќи нов договор со Милан, поо што инсистираше дека тоа е нешто што го сакал цело време и ветувајќи борба за титули со „росонерите“.
Португалецот ги потпиша прелиминарните документи пред три недели, но денеска во „Каса Милано“ стави официјален потпис на договорот кој сега трае до 2028 година.
„Пресреќен сум. Ова е нешто што сакав да го завршиме бргу. Се надевам дека ќе направиме големи работи во иднината. Сега, фокусот е на следниот меч со Верона, а потоа и на следната сезона кога мораме да се бориме за трофеи“, изјави Леао.
Леао се промовираше во еден од клучните играчи во тимот на Стефано Пиоли и од 2019 година има 41 гола и 29 асистенции во 162 меча.
Милан во неговиот договор дозволија клаузула за раскин на договорот, но таа може да се активира само две недели секој јули и тоа за фантастични 175 милиони евра.
Official Statement: Rafael Leão ➡️ https://t.co/W6zqLvzfjW
Comunicato Ufficiale: Rafael Leão ➡️ https://t.co/hzPDwvIRXz#SempreMilan pic.twitter.com/QE9g3ZmDgx
— AC Milan (@acmilan) June 2, 2023