Откако од пристигнувањето на „Олд Трафорд“ во јануари постигна само два гола, од кои ниту еден во Премиерлигата, холандскиот напаѓач Вут Вегхорст вели дека се „чувал“ за Манчестер сити во финалето на ФА купот.
30-годишниот Вегхорст постигна еден гол во полуфиналето на Карабао купот против Нотингем форест и потоа еден во 4:1 победата над Реал Бетис во меч од Лига Европа во март, по што не се запиша во листата на стрелци на Манчестер јунајтед во 17 меча во Премиерлигата.
„Навистина се обидував да го дадам максимумот во секој меч кој го играв, во секоја минута која ја имав на теренот. Не е важн на која позиција, секогаш го давам максимумот. Секако, за напаѓач два гола не се доволни и тоа е разочарувачки. Да веруваме во победа во утрешното финале и можеби тоа ќе биде мојот ден, за ова се чував. За уште еден убав спомен“, вели Вегхорст.
Манчестер јунајтед нема да го задржи Вегхорст следната сезона и тој ќе биде вратен во својот матичен клуб, Барнли.