Top Sport

Челси го нуди Лукаку на Јувентус во размена за Душан Влаховиќ

Англискиот премиерлигаш Челси бара нов напаѓач, а на инсистирање на новиот менаџер Маурисио Покетино тоа би можел да биде Душан Влаховиќ. Тој е на излезна врата од Јувентус, а за него е заинтересиран и Баерн Минхен.

Јувентус за него бара 80 милиони евра обештетување, а Челси е подготвен во размената да го вклучи Ромелу Лукаку.

Тоа сигурно ќе предизвика голема бура на Апенините, со оглед дека Лукаку оваа сезона е член на Интер. Но, „нероаѕурите“ не се подготвени да го откупат целосно неговиот договор од Челси, па тој ќе мора да се врати во Лондон.

Челси исто така не е заинтересиран да го има во тимот за следната сезона, па оваа размена би можела да се реализира.

 

Scroll to Top